Македонија и Шкотска денеска по петти пат ќе се сретна, во досегашните четири меѓусебни дуели имаме една победа, на неа добро се сеќава актуелниот селектор Гоце Седлоски.
Тој меч беше одигран на 6. септември 2008 година, во еден прилично топол ден во Скопје. Македонија победи со 1-0.
Единствениот гол го постигна Илчо Наумоски во петтата минута од натпреварот, а на погодокот му претходеше слободен удар кој го изведе Седлоски.
Седлоски упати бомба од далечина, топката се одби до Наумоски, а тој ја смести во мрежата на Гордон за водство на Македонија од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Во преостанатите три меча имаме два порази и едно реми. Во тие квалификации кога ги победивме дома, на гостински терен загубивме со 0-2.
Се сретнавме и во квалификациите за СП 2014, тогаш мечот во Скопје го загубивме со 1-2, а во Глазгов одигравме нерешено, 1-1.