Ракомет

Македонија дома ја почнува битката за место на ЕП – РФМ ги пушти билетите во продажба!

Македонија дома ја почнува битката за место на ЕП – РФМ ги пушти билетите во продажба!

Maкедонската ракометна репрезентација на почетокот на ноември ќе ги почне квалификациите за Европското првенство во 2027 година, а портивник на нашата селекција е Луксембург.

Ракометната федерација ги пушти во продажба билетите за овој натпревар и истите се продаваат преку продажната мрежа на „МкТикетс“ по цена од 300 до 500 денари во зависност од местото на седење.

Натпреварот се игра на 4 ноември (среда) во Спортскиот ценар „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот.

„Да ја обоиме салата во црвено-жолто и заедно да им дадеме силна поддршка на нашите ракометари!“, повикаа од РФМ.

Покрај селекцијата на Луксембург во нашата група се уште репрезентациите на Шведска и Грција.