Фудбал

Македонија го освои 113. место на Светското првенство У15!

Македонија го освои 113. место на Светското првенство У15!

Заврши Светското првенство (СП) во форматот 7+1 за фудбалери до 15 години, кое се одржуваше во Баку, Азербејџан, а на турнирот настапија 189 репрезентации, меѓу кои беше и Македонија.

Младите македонски фудбалери го освоија 113. место на турнирот, додека од регионот се натпреваруваа и Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Црна Гора го освои 133. место, Хрватска заврши на 39. позиција, а најдобра беше БиХ која стигна до 20. место на СП за млади фудбалери.

На првото издание на Светското првенство (СП) во овој формат триумфира Шпанија, откако во финалето ја надигра Чешка со 3-0.

Резултати на Македонија на СП У15:
Македонија – Панама 4-1
Чад – Македонија 2-1
Македонија – Кенија 2-2
Малта – Македонија 1-3
Македонија – Нигер 0-5
Македонија – Литванија 1-3
Македонија – Мавританија 5-0
Македонија – Бермуда 5-0
Лесото – Македонија 2-3
Танзанија – Македонија 1-2