Фудбал

Македонија го избрала Јамал пред Кејн и Мбапе во борбата за „Златната топка“ (ФОТО)

Македонија го избрала Јамал пред Кејн и Мбапе во борбата за „Златната топка“ (ФОТО)

Престижната награда „Златната топка“ за 2026 година му припадна на англискиот напаѓач Хари Кејн, додека ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал го освои третото место.

Новинарот Фабрицио Романо објави како гласале претставниците од различни држави, а меѓу нив беше и Македонија.

Претставникот на Македонија го дал својот глас за Јамал, а за шпанскиот репрезентативец гласале и претставници од Алжир, Швајцарија, Тунис, Турција, Мексико, Велс и други земји.

Според податоците кои ги објави „Л’Екип“, Кејн го освои првото место со 1.055 бодови, по што следеше Килијан Мбапе со 1.027 поени, а Јамал доби 881 бод.