Фудбал

Лунин четири пати бранел на Класико, последниот пат Реал доживеа дебакл!

Лунин четири пати бранел на Класико, последниот пат Реал доживеа дебакл!

Жозе Мурињо беше принуден да менува на голманската позиција и тоа токму за мечот против најголемиот ривал, Барселона.

Тибо Куртоа е болен и не е во состојба да настапи на Ел Класико дуелот. Меѓу стативите ќе застане Андриј Лунин.

Украинецот досега бранел на четири Ел Класико натпревари, на три од нив победил Реал Мадрид, но на последниот доживеал дебакл.

Тоа се случило во сезоната 2024/25 кога Реал Мадрид загуби со 0-4 од Барселона.

Ако фановите на Барса може да се потпрат на тој дел од статистика, оние кои навиваат за Реал можат да го истакнат фактот што трипати го победувале ривалот кога Лунин бранел.

Тоа биле победи со 3-1, 4-1 и 3-2.