Maкедонскиот репрезентативец, Лука Станковски денеска во украинската Премиер лига го постигна својот првенец во дресот на Колос.
Станковски во натпреварот против Верес Ривне од десеттото коло стрелаше во 53-тата минута кога ги постави конечните 2-0. Пред него резултатот во првиот дел го отвори Антон Салабај.
Претходно од почетокот на сезоната Станковски запиша една асистенција.


