Хрватот ги разреши сите дилеми околу тоа што ќе прави во престојната сезона.
По натпреварот помеѓу Хрватска и Португалија на Светското првенство, едно нешто беше под знак прашалник – што ќе одлучи Лука Модриќ околу продолжување на кариерата. Имаше шпекулации дека ќе остане во Милан уште една сезона, дека ќе се пензионира по Мундијалот, како и тоа дека ќе се врати во Реал Мадрид, но во сосема поинаква улога.
Според хрватските медиуми, Модриќ ќе го продолжи договорот со Милан на уште една година, па дури во 2027 година ќе ја заврши својата славна кариера.
Што се однесува до репрезентацијата, Модриќ и натаму нема донесено одлука, иако новиот селектор Славен Билиќ инсистира играчот од средниот ред да продолжи да игра. Сепак, истите извори додаваат дека Модриќ ќе се збогува од националниот тим против Шпанија на 6. октомври на „Пољуд“ во Сплит.
Модриќ имаше одлична кариера во дресот на Хрватска, со која освои сребро и бронза. На овој Мундијал беше елиминиран од Португалија во 1/16 финалето.