Неколку илјади фанови на Хајдук ги дочекаа играчите кои синоќа изборија место во групната фаза во Лигата на Конференции, првпат после 16 години.
Хајдук конечно избори европска есен по пауза од цели 16 години, а историскиот успех беше прославен во голем стил во Сплит.
Хрватскиот тим го елиминираше полски Раков со вкупни 5-4 во плеј-офот и обезбеди пласман во Конференциската лига, прекинувајќи ја црната серија од дури 15 последователни елиминации во квалификациите.
По големата победа, навивачите на Хајдук организираа спектакуларен пречек за фудбалерите и стручниот штаб. Во текот на петокот, голем број навивачи прво ги пречекаа своите миленици на аеродромот во Сплит, а потоа илјадници приврзаници се собраа и пред „Полјуд“.
Прославата траеше до доцна во ноќта низ цела Далмација, а петочниот пречек покажа колку долго навивачите на Хајдук го чекаа моментот клубот повторно да биде дел од европските натпреварувања.
За Хајдук ова е еден од најзначајните европски успеси во последните години, а навивачите сега со големи очекувања ја очекуваат есента во Конференциската лига.
Како изгледаше атмосферата, погледнете на следниот ЛИНК.