Англискиот гигант Челси доживеа голем удар пред продолжение на сезоната затоа што се повреди нивниот напаѓач Жоао Педро.
Педро веќе го пропушти мечот против Тотнем, поради проблеми со коленото, а медицинските прегледи покажаа дека тој ќе паузира неколку недели.
Бразилецот оваа сезона одигра шест меча во Премиер лигата, а притоа постигна пет голови и три асистенции за Челси.
Педро нема да биде во конкуренција за дуелот против Манчестер јунајтед, а најверојатно ќе ги пропушти и средбите со Сандерленд и Лидс.