Фудбал

Лошите прогнози за Арсенал станаа вистина: Сака паузира осум недели

Лошите прогнози за Арсенал станаа вистина: Сака паузира осум недели

Англискиот репрезентативец ќе пропушти неколку важни натпревари, меѓу кои и дербијата со Манчестер Сити, Ливерпул и Тотенхем.

Арсенал се соочи со сериозен удар откако беше потврдено дека Букајо Сака ќе биде надвор од терените околу осум недели поради повредата здобиена на дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Крилниот напаѓач го напушти теренот уште во 10. минута од натпреварот во Минхен, кој заврши 2:2. Првичните процени не беа оптимистички, а дополнителните лекарски прегледи донесоа лоши вести за Микел Артета.

Поради повредата, Сака ќе пропушти серија важни натпревари, меѓу кои дуелите со Манчестер Сити, Ливерпул, Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Борнмут, како и европската пресметка со Реал Мадрид.

Отсуството на еден од најважните фудбалери дополнително ќе ги ограничи опциите на Артета во нападот. Во моментов, како здрави крилни играчи на располагање му остануваат Еберечи Езе и Нони Мадуеке, бидејќи и Кристос Цолис е повреден.

Сака веќе пропушти значителен број натпревари во претходните сезони поради проблеми со повредите, а новата пауза повторно отвора прашања за густината на распоредот и физичките напори на фудбалерите.