Ламин Јамал не успеа да дојде до „Златната топка“ и овојпат, а разочарувањето можеше да се види на неговото лице за време на говорот на Хари Кејн.
Јамал имаше закажано забава во случај да ја добие „Златната топка“, тој го поведе семејството и пријателите на манифестацијата, но на крајот мораше да се задоволи само со уште една награда за талент на годината.
Кога бразилскиот Роналдо го прочита името на Хери Кејн, разочарувањето на Јамал стана големо. Тоа беше видливо на неговото лице додека Англичанецот го држеше говорот.
I’m crying the cameraman switching to Lamine Yamal and then back to Harry Kane kills me man, his reaction says it all😭😭😭 https://t.co/qiVA75ipd9
— 𝐟𝐞𝐝𝐞𝐯𝐚𝐥𝐯 (@fedevalv_) October 26, 2026
Снимката стана вирална на интернет, а голема е веројатноста дека ќе почне да се користи и како „меме“.