Фудбал

Лисандро Мартинез денеска си го потпиша отказот од Манчестер Јунајтед

Лисандро Мартинез денеска си го потпиша отказот од Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ го удри Весли Фофана со лакт во лицето, ВАР реагираше, а Челси доби и пенал кој го реализираше Кол Палмер.

Манчестер Јунајтед доживеа нов тежок момент на гостувањето кај Челси, а во центарот на вниманието се најде Лисандро Мартинез, кој со непромислен потег целосно ја искомплицира ситуацијата за својот тим.

Аргентинскиот дефанзивец, при водство на Челси од 1:0, направи сериозна грешка која го остави Манчестер Јунајтед со играч помалку.

Мартинез претходно имаше добиено жолт картон во 59. минута, но по еден прекин направи нов прекршок. Во продолжението на акцијата, тој со лакт го удри во лицето дефанзивецот на Челси, Весли Фофана.

Судијата Питер Бенкс по прегледувањето на ситуацијата со помош на ВАР му покажа втор жолт картон, односно црвен картон на Аргентинецот, а истовремено досуди и пенал за домаќините.

Од белата точка сигурен беше Кол Палмер, кој ја искористи шансата и зголеми на 2:0.

Со овој потег Аргентинецот веројатно си го потпиша отказот од Олд Трафорд, ако се има во предвид дека пред само неколку дена го критикуваше раководството поради премалите инвестиции во клубот по поразот од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.