Најдобрата македонска тенисерка во моментов е на 365-тата позиција на светската ранг листа.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, имаше напредок од пет места на најновата ВТА листа објавена денеска. Ѓорческа сега е на 365. позиција на светот.
Во минатиот месец октомври, Ѓорческа одигра на два турнири, во Лисабон, Португалија и во Истанбул, Турција, и запиша една победа и два порази. Во Лисабон беше елиминирана на стартот од Клара Бурел.
Во Турција, пак, најпрво ја совлада подобро рангираната домашната тенисерка Берфу Ченгиз со 2:1 по сетови, а потоа беше елиминирана од Ралука Сербан од Кипар со 2:1, и покрај тоа што го доби првиот сет со 6:0.