Тенис

Лина Ѓорческа налета на ривалка од Шпанија во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа налета на ривалка од Шпанија во квалификациите за Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка утре ги стартува квалификациите на Вимблдон.

Нејзина ривалка во првата рунда од квалификациите ќе и биде шпанската тенисерка Анхела Фита Болуда (26 години). Ривалката на Ѓорческа се наоѓа на 213.место на ВТА ранг-листата и во кариерата има 10 турнирски победи на ИТФ турнири. Оваа година има одиграно четири финалиња и има само една победа. Најдобриот ранг и бил 190.место.

Ѓорческа на Вимблдон има настапувано во 2017 и 2024 година, кога настапот го завршуваше во првата квалификациска рунда.

Мечот од првото коло треба да биде на програмата утре (вторник), а женските квалификациски мечеви ќе се играат од вторник до 25.јуни.