Кошарка

Лејкерс направи (не)очекуван потег: Избрка рекордер поради Брони Џејмс (ВИДЕО)

Лејкерс направи (не)очекуван потег: Избрка рекордер поради Брони Џејмс (ВИДЕО)

Поранешниот освојувач на НБА-лигата, Лос Анџелес Лејкерс донесе изненадувачка одлука пред почетокот на новата сезона, откако се збогуваа со Далтон Нект, а место во тимот му обезбедија на Брони Џејмс, синот на Леброн Џејмс.

Екипата мораше да го намали бројот на кошаркари со гарантирани договори на дозволените 15, па изборот падна на Нект, кој беше избран како 17. пик на драфтот во 2024 година. Заминувањето на Нект значи дека Лејкерс ги задржува Брони Џејмс и Џејден Харди во составот.

Нект во својата дебитантска сезона покажа дека има потенцијал да биде важен дел од Лејкерс. Во ноември 2024 година постигна 37 поени против Јута, при што погоди девет тројки и со тоа го изедначи рекордот на НБА за дебитант по бројот на погодени тројки на еден натпревар.

Сепак, следеше голем пад во играта на Нект и младиот кошаркар разочара, па поради тоа Лејкерс реши да му се заблагодари за досегашната соработка.