Кошарка

Лејкерс загуби дома, Портланд со победа си оди од Лос Анџелес (ВИДЕО)

Лејкерс загуби дома, Портланд со победа си оди од Лос Анџелес (ВИДЕО)

41 поен на Лука Дончиќ не беа доволни за победа, Лос Анџелес Лејкерс го доживеа првиот пораз оваа сезона откако на свој терен загуби од Портланд со 129-136.

По трите последователни победи, Лос Анџелес Лејкерс првпат ја почувствува горичината на поразот, Портланд благодарение на подобрата игра во второто полувреме, однесе победа.

Лејкерс добро го почнаа натпреварот, ја добија првата четвртина со 38-32, на одморот имаа предност од 73-68. Но, позитивата им се стопи во второто полувреме и премина во негатива. Портланд одигра подобро и дојде до триумф од 136-129.

Лука Дончиќ беше најдобар на натпреварот, постигна 41 поен, имаше и девет асистенции, Ривс реализираше 26 поени. Портланд играше тимски, Авдија и Морант постигнаа по 23 поени, Холидеј 22, а Лилард 21.

Резултати:

Бостон – Бруклин 125-124
Њујорк – Детроит 111-97
Сан Антонио – Сакраменто 130-103
ЛА Лејкерс – Портланд 129-136