Лос Анџелес Лејкерс со 103-87 победи кај ривалот Лос Анџелес Клиперс и тоа без својот најдобар кошаркар, Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Денвер со победа се враќаат од гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс, славеа со 104-91, а српскиот кошаркар стигна до јубилејниот 200. трипл-дабл.
Лејкерс уште во првото полувреме си ја завршија работата, на одморот заминаа со предност од 56-38, а позитивата само ја одржаа во вториот дел за конечен триумф од 103-87.
Поради повреда на грбот, Дончиќ го немаше на овој меч. Најефикасен беше Грајмс со 23 поени, Секстон постигна 21. Во составот на Клиперс најефикасен беше Ваглер со 21 поен.
Никола Јокиќ стана вториот играч во НБА кој стигнал до бројката од 200. трипл-дабл учиноци во кариерата. Расел Вестбрук има 209.
Денвер со 104-91 победи на гостувањето кај Њу Орлеанс, а Јокиќ постигна 21 поен, имаше 13 скокови и 10 асистенции. Поефикасен од него беше Мареј со 23 поени. А најмногу на мечот постигна Вилијамсон, 25.
Резултати:
Аталанта – Мајами 117-129
Кливленд – Вашингтон 121-111
Детроит – Шарлот 97-89
Индијана – Филаделфија 109-114
Торонто – Орландо 129-99
Чикаго – Њујорк 127-133
Милвоки – Хјустон 100-132
Минесота – Голден стејт 114-119
Њу Орлеанс – Денвер 91-104
Јута – Сан Антонио 111-117
Далас – Оклахома 120-96
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 87-103