Фудбал

Легендата на Холандија седнува на клупата на Белгија

Легендата на Холандија седнува на клупата на Белгија

Поранешниот холандски репрезентативец веќе работеше како тренер во Белгија, и добро го познава фудбалот во земјата.

Марк ван Бомел е најсериозниот кандидат да ја преземе репрезентацијата на Белгија, тврдат медиумите во таа земја. Ван Бомел би дошол на местото на Руди Гарсија, кој доби отказ само еден ден по завршувањето на Мундијалот, по елиминацијата на селекцијата во 1/4 финалето од Шпанија.

Ван Бомел има скромно тренерско исксутво. Беше една сезона во ПСВ, кратко во Волфсбург, а потоа работеше во белгискиот тим Антверпен две години. Од 2024 година е без ангажман, и сега му се пружа шанса да работи како селектор.

Ван Бомел во минатото играше за големи клубови, меѓу кои и Барселона, Баерн Минхен, Милан, а играше и во ПСВ и во Фортуна Ситард. За Холандија одигра 79 меча, и постигна 10 голови.