Кошарка

Леброн и Филаделфија го урнаа шампионот Њујорк на негов терен! (ВИДЕО)

Леброн и Филаделфија го урнаа шампионот Њујорк на негов терен! (ВИДЕО)

Филаделфија со 106-100 победи на гостувањето кај Њујорк, гостинска победа забележа и Оклахома која со 116-104 славеше кај Сан Антонио.

По воведниот меч во сезоната меѓу Детроит и Бостон, ноќеска се одиграа уште два натпревари од новата сезона во НБА.

Интересно беше во Њујорк каде Леброн Џејмс и Филаделфија му го расипаа шампионското славје на домаќинот.

Мечот беше неизвесен во целиот тек, имаше повеќе пресврти, финишот им припадна на кошаркарите на Филаделфија кои го добија мечот со 106-100.

Леброн постигна 14 поени, имаше девет скока и седум асистенции, поефикасни негови соиграчи беа Максеј со 28 поени и Браун со 19. Во составот на Њујорк, Брансон реализираше 21 поен.

Неизвесност немаше на мечот меѓу Сан Антонио и Оклахома. Гостите славеа лесна победа, во најголем дел од мечот водеа со двоцифрена предност, на крајот славеа со 116-104.

Гилџус-Александер со 32 поени беше најефикасен во составот на Оклахома, Касл постигна 24 за Сан Антонио.

Резултати:

Детроит – Бостон 121-113
Њујорк – Филаделфија 100-106
Сан Антонио – Оклахома 104-116