Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта направи споредба меѓу неговиот клуб и Реал Мадрид.
Тој смета дека Барса ги влече вистинските потези, за разлика од Реал Мадрид.
„Веќе го кажав тоа претходно. Не може да има повеќе од еден петел во ист кокошарник. Тоа никогаш не функционира! Приоритетот во фудбалот е тимот и тимскиот дух. Ако го немате тоа, проектот не успева“, вели Лапорта.
„Тоа е една од силните страни на Барселона. Имаме одлични таленти, играчи од Ла Масија и играчи од различни фудбалски култури, но успеавме да изградиме тим со одлична хемија. Тоа е благодарение на величествениот тренер и спортскиот директор кој работи на подобрување на тимот“.
„Реал Мадрид претпочиташе индивидуални ѕвезди и големи засилувања. Верувам дека Реал Мадрид го изгуби кредибилитетот и се обидуваат на секој начин да го оправдаат тоа преку ширење лаги за случајот Негреира. Тие немаат освоено ништо две години. Ние победуваме и сме конкурентни да освоиме се“.