Селекторот Кирил Лазаров објави список од 35 ракометари за престојната ЕХФ недела, за македонската репрезентација ќе дебитира Дмитро Хориха.
Македонија во престојната ЕХФ недела ќе ги почне квалификациите за Европското првенство. Ќе играме против Луксембург и Грција, а во нашата група е уште и Шведска.
