Менаџерот на „црвените ѓаволи“ смета дека тимот е на добро место по летниот преоден рок, но признава дека секогаш можело да се направи нешто повеќе
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Кaрик, е задоволен од работата на клубот во летниот преоден рок и верува дека тимот во новата сезона ќе биде посилен во однос на минатата.
„Црвените ѓаволи“ во текот на летото ангажираа неколку нови фудбалери, меѓу кои Карлос Балеба, Андреј Сантос и Јури Тилеманс. Во тимот се врати и Маркус Рашфорд, додека Џошуа Зиркзе остана на „Олд Трафорд“, иако се очекуваше да го напушти клубот.
„Во преодниот рок влеговме со идеја да станеме посилни како група во споредба со минатата сезона и сигурно успеавме во тоа. Многу сме задоволни од фудбалерите кои ги доведовме. Секогаш можете да кажете дека можело да направиме уште нешто, но понекогаш тоа зависи и од можностите“, изјави Карик.
Тој смета дека Манчестер Јунајтед моментално има добро балансиран состав со голема конкуренција на повеќе позиции.
„Генерално, мислам дека сме на добро место со составот. Имаме одлична динамика и играчи кои можат да настапуваат на различни позиции“, додаде англискиот стратег.
Карик зборуваше и за ситуацијата со Зиркзе, кој досега не добиваше голема минутажа и беше поврзуван со заминување од клубот. Менаџерот порачува дека Холанѓанецот останува важен дел од неговите планови.
„Зиркзе е важен за длабочината на составот. Тој е среќен што е тука, а јас имам одличен однос со него. Сака да игра повеќе, но конкуренцијата е здрава. Ни претстојат многу натпревари, а Џош е способен да направи одлични работи“, рече Карик.