Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, вели дека сака да одмори извесно време од белгиската репрезентација.
Куртоа е најдобар голман во светот веќе некое време. Начинот на кој Белгија беше елиминирана предизвика многу емоции кај него.
„Сакам да одморам една година од натпреварите на Белгија и потоа да бранам на квалификациите за Европското првенство и на самото Европско првенство“, рече Куртоа.
„Не знам дали Белгија ќе се сложи со ова“.