Шеснаесет екипи ќе се борат за место во четвртфиналето на Купот на Македонија, а ждрепката донесе неколку интересни пресметки.
Познати се сите учесници во осминафиналето на Купот на Македонија, откако Работнички со убедливи 8:0 го совлада Вардар Неготино и го комплетираше списокот на шеснаесет екипи кои продолжуваат во натпреварувањето.
Во оваа фаза внимание привлекува дуелот меѓу Вардар и Тиквеш, две екипи кои имаат амбиции да стигнат што подалеку во најмасовното домашно натпреварување.
Интересно ќе биде и на пресметката меѓу Пелистер и Силекс. Кратовскиот тим е актуелен освојувач на Купот и ќе се обиде да го продолжи патот кон одбрана на трофејот.
Скопје ќе игра како домаќин против Новаци, додека Струга ТЛ го доби за противник тимот на Беласица. Брера против Арсими во Струмица, додека Работнички ќе ја нагости Саса. Македонија ЃП на домашен терен ќе игра против Брегалница, додека во Куманово ќе се одигра Башкими – Шкендија Арачиново.
КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/8 ФИНАЛЕ
Скопје – Новаци
Струга ТЛ – Беласица
Брера – Арсими
Вардар – Тиквеш
Пелистер – Силекс
Работнички – Саса
Македонија ЃП – Брегалница
Башкими – Шкендија Арачиново