Кошарка

Куманово се засили со македонски репрезентативец

Куманово се засили со македонски репрезентативец

Искусниот македонски кошаркар повторно ќе го носи дресот на кумановскиот клуб по речиси десет години.

Кошаркарскиот клуб Куманово продолжува да го засилува тимот за новата сезона, а најновото име во составот е Адем Мекиќ.

Мекиќ потпиша отворен договор со Куманово, што значи дека соработката може да биде прекината доколку кошаркарот во меѓувреме добие понуда од странство.

За Мекиќ ова претставува големо враќање во Куманово, бидејќи по речиси десет години повторно ќе го облече дресот на клубот.

Клубот со ангажманот на Мекиќ уште еднаш ги потврдува високите амбиции за новата сезона, во која целта е борба за највисок пласман и напад на шампионската титула.