Ракомет

Кузмановски: Покажавме како треба да изгледа Македонија на теренот!

Кузмановски: Покажавме како треба да изгледа Македонија на теренот!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски е задоволен од прикажаното против Луксембург.

Македонија без мака го победи Луксембург со 41-23 во првиот меч од квалификациите за Европското првенство.

„Како што кажав и пред почетокот на овие два натпревари, сметам дека се многу важни за нас. Имавме јасни задачи како треба да се однесуваме и како да ги користиме грешките на противникот. Сепак, поголемиот фокус беше насочен кон дуелот со Грција. Сите што настапија против Луксембург го дадоа максимумот, влеговме во добра ротација и немаме замор. Така треба да изгледа Македонија на теренот. Тоа е модерен ракомет, добра одбрана и брза транзиција. Како што кажав, овој тим ветува. Треба да одиме чекор по чекор, да се надградуваме и да продолжиме со самодоверба. Мислам дека имаме квалитет да покажеме уште повеќе во иднина“, изјави Кузмановски по натпреварот.

На 8 ноември Македонија ѝ гостува на Грција во следниот натпревар од квалификациите, тој меч ќе го гледате низ директен пренос на „Арена Спорт Македонија“.

Фото: Игор Паневски