Ракомет

Кузмановски: Горига не го гледам како конкуренција, се што е добро за репрезентацијата е добродојдено

Кузмановски: Горига не го гледам како конкуренција, се што е добро за репрезентацијата е добродојдено

Македонскиот капитен не го гледа новиот репрезентативец како конкуренција, туку како дополнителен квалитет кој може да биде многу важен на големите натпреварувања.

Филип Кузмановски го поздрави приклучувањето на Украинецот Дмитро Горига во македонската ракометна репрезентација, истакнувајќи дека неговото присуство може да донесе дополнителен квалитет во националниот тим.

Капитенот нагласи дека не го доживува Горига како конкуренција, туку како соиграч кој може да помогне во остварувањето на репрезентативните цели.

„Јас лично не го гледам како конкуренција. Сè што е за доброто на репрезентацијата секогаш е добредојдено. Знаеме дека Горига е квалитетен играч и дека може да му помогне на тимот, да биде додадена вредност која може да промени многу работи. На големите натпреварувања играме против квалитетни репрезентации и сметам дека неговото искуство ќе биде од големо значење, за да бидеме уште поконкурентни. Селекторот Лазаров секогаш има план и верувам дека она што го има зацртано ќе донесе резултати“, изјави Кузмановски.

Кузмановски ги истакна очекувањата од дуелите со Луксембург и со Грција.

„Македонија во изминатиот период покажа континуутет на големите натпреварување и сакаме да го породлжиме. Во првенство во пренство напредувме, и оваа генерација надојдува, и веќе имаме пвеќе првенства во нашите нозе, мислам дека сме искусни. Посакуваме и сонуваме за уште едно Европско првенство. Одиме чекор по чекор, задачите ни се дадени, јасно е дека одиме на победа против Луксембург. Не потценуваме никого, иако имавме мал период да се подготвуваме. Не очекува интересен меч, пред домашна публика да бидеме подготвени, и сакаме да издвојуваме победа и во добра атмосфера да го дочекаме дуелот со Грција. Со Грција веќе е друг меч. Таму сигурно ќе биде потешко. Но, максимално сме подговени да дадеме се од себе. Македонија секогаш оди на победа. Доволно сме искусни иверуваме во себе, треба да бидеме максимални 60 минути таму и да дојдеме до победа“, рече Кузмановски.