Реклама
Arena Sport
Фудбал

Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер мултимилијардер во светот

Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер мултимилијардер во светот

Португалската суперѕвезда заработила околу 300 милиони долари во последната година, а најголем дел од приходите доаѓаат од договорот со Ал-Наср.

Кристијано Роналдо постави нов историски рекорд и стана првиот фудбалер во историјата чии вкупни приходи во кариерата надминале две милијарди долари, објави „Форбс“.

Реклама
Arena Sport

Португалецот, кој има 41 година, и во изминатата година бил најплатениот фудбалер во светот, со проценета заработка од околу 300 милиони долари. Најголемиот дел од сумата доаѓа од неговиот договор со саудискиот Ал-Наср, кој му носи приближно 250 милиони долари, додека дополнителни 50 милиони заработува преку спонзорства, реклами и сопствени деловни активности.

Роналдо уште во 2020 година стана првиот фудбалер со заработка од една милијарда долари во кариерата, а шест години подоцна ја помина и границата од две милијарди.

На второто место на листата на најплатени фудбалери се наоѓа Лионел Меси, со проценета заработка од 145 милиони долари во последната година. Аргентинецот е блиску до границата од две милијарди долари вкупни приходи во кариерата, а особено се издвојува фактот што од спонзорства и комерцијални договори заработува повеќе отколку од фудбалот.

Трет е Килијан Мбапе од Реал Мадрид со 100 милиони долари, пред Ерлинг Халанд од Манчестер Сити со 85 милиони и Винисиус Жуниор со 76 милиони долари.

Меѓу десетте најплатени се наоѓа и младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, со 55 милиони долари. Зад него се Садио Мане и Џуд Белингам, со заработка од 54, односно 45 милиони долари.

Деветтото место му припаѓа на Хари Кејн со 42 милиони долари, додека десетката ја комплетира Мохамед Салах со 40 милиони долари.

Реклама
Arena Sport