Фудбал

Кристијано Роналдо „блесна“ со хет-трик, уште 15 голови го делат од „илјадарката“

Кристијано Роналдо „блесна“ со хет-трик, уште 15 голови го делат од „илјадарката“

Роналдо донесе нова победа за Ал Наср, а сериозно се доближи до четирицифрената бројка на голови во кариерата.

Одличен настап на Кристијано Роналдо за Ал Наср. Португалецот постигна „хет-трик“ во победата на својот тим на Ал Колод со 5:3, и она што е најважно, стигна до бројката од 985 голови, со што уште 15 му недостасуваат до неверојатна „илајадарка“ која ја брка пред крајот на кариерата.

Роналдо сите голови ги постигна во вториот дел, првите два на асистнеција на Феликс за 3:2 и 4:2, а потоа во 81. минута погоди и по додавањето на Мане за 5:2.

Португалецот стигна до седум голови во саудиската Лига, или пет помалку од Ајван Тони кој е водечки на листата на стрелците.