Фудбал

Кратко траеше „љубовта“: Вардар се раздели со Жерсон Родригез

Кратко траеше „љубовта“: Вардар се раздели со Жерсон Родригез

Интернационалецот од Луксембург повеќе не е дел од Вардар, откако „црвено-црните“ му врачија отказ поради проблематичниот карактер.

Жерсон Родригез после само два месеци заминува од Вардар. Репрезентативецот на Луксембург кратко траеше во редовите на „црвено-црните“, пред се поради проблематичниот карактер.

Самиот фудбалер на социјалните мрежи објави дека повеќе не е дел од Вардар и дека сака да најде средина каде што „ќе се чувствува како дома“.

Родригез го следеа скандали во овие два месеци. Наводно повеќе бил гледан по рестораните и по дискотеките, отколку на теренот, а „чашата се прелила“ откако Луксембуржанецот не го почитувал карантинот пред натпреварот со Струга ТЛ.