Фудбал

Контроверзниот Менди конечно е среќен, со Чурлинов славеа со српска песна! (ВИДЕО)

Контроверзниот Менди конечно е среќен, со Чурлинов славеа со српска песна! (ВИДЕО)

Погон Шчечин игра одлично на почетокот од сезоната, синоќа славеше гостинска победа над Катовице, а по триумфот имаше големо славје во соблекувалната кое многу добро ја пресликува атмосферата во тимот.

Прославата ја предводеше Бенџамин Менди, фудбалерот кој долго време не играше фудбал во Манчестер Сити бидејќи се бранеше од тужби за силување. Дефанзивецот докажа дека е невин, но целиот тој процес му нанесе голема штета.

Сега Менди пак е среќен, игра фудбал во полското првенство и се чини дека ужива во секој миг.

По победата над Катовице, атмосферата во соблекувалната беше луда, фудбалерите славеа со српската песна „Коктел љубави“, а звучникот го носеше токму Менди.

Чурлинов беше стартер на натпреварот, играше до 72. минута и беше еден од најдобро оценетите во својот тим.

Погон по десет одиграни меча собра 21 бод и е на четвртото место на табелата.