Фудбал

Конате: Во Реал Мадрид ми е подобро отколку што очекував, тука…

Конате: Во Реал Мадрид ми е подобро отколку што очекував, тука…

Ибрахима Конате ги кажа импресиите од досегашниот престој во кралскиот клуб, тој засега е презадоволен од ова негово поглавје во кариерата.

Конате во Реал Мадрид пристигна од Ливерпул како слободен играч.

„Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот. Тука ми е подобро отколку што очекував. Се подесено на повисок степен, луѓето од целиот свет зборуваат за нас“, вели Конате.

„Пресреќен сум во Реал Мадрид. Секој кој работи тука ми помага и прави да се чувствувам многу добро. Најважно за мене е да освојуваме трофеи и се надевам дека ќе успееме во тоа оваа сезона“.

„Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Мисијата е да се бориме за секој трофеј. Тоа е менталитетот на Реал Мадрид“.

Конате проговори и за Јан Диоманде, најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид.

„Јан Диоманде има светла иднина во Реал Мадрид. Покрај тоа што е добар фудбалер, тој навистина е добра личност. Многу е добар“.