Фудбал

Компани ќе „заборави“ на фудбал: Баерн даде јасна наредба пред дербито со Дортмунд

Компани ќе „заборави“ на фудбал: Баерн даде јасна наредба пред дербито со Дортмунд

Баерн Минхен ќе го пречека Борусија Дортмунд во големото германско дерби без својот прв тренер, Винсент Компани, кој неодамна колабира на тренингот на втората екипа по што заврши во болница.

Компани е пуштен на домашно лекување, но клубот инсистира Белгиецот да не биде вклучен во фудбалските активности сè додека не закрепне целосно.

Асистентот Арон Данк потврди дека добиле јасни инструкции да не разговараат со Компани за фудбал и да не го оптоваруваат со подготовките за натпреварите.

„Не разговараме со него за фудбал. Добивме јасни инструкции во врска со тоа. Треба да се опорави и да помине време со семејството“, кажа Данк.

Дербито меѓу Баерн и Дортмунд се игра утре од 18.30 часот.