Фудбал

Комо ја покори Фиренца, Паз беше нерешлива енигма за Фиорентина (ВИДЕО)

Комо ја покори Фиренца, Паз беше нерешлива енигма за Фиорентина (ВИДЕО)

Комо оствари значајна победа од 3-1 на гостувањето кај Фиорентина во Серија А, а еден од најзаслужните за триумфот беше Нико Паз.

Комо ја презеде иницијативата и притискаше кон голот на домаќините, а упорноста вроди со плод во 33. минута, кога Матија Либерали ја затресе мрежата за водство од 1-0. Само неколку минути подоцна, Нико Паз зголеми на 2-0 и му зададе нов удар на домашниот состав.

Фиорентина успеа да ја врати неизвесноста пред паузата, откако Понграчиќ намали на 1-2, па надежта за поволен резултат остана жива.

Сепак, во второто полувреме Комо повторно покажа дека е поопасниот тим. Нико Паз одлично ја организираше контранападната акција во 57. минута, по која Тасос Дувикас погоди за конечни 3-1.

Фиорентина до крајот се обидуваше да се врати во натпреварот, но гостите ја сочуваа предноста и заслужено ги освоија трите бода.