Фудбал

Комо со гол од пенал го победи последниот тим на табелата во Серија А (ВИДЕО)

Комо со гол од пенал го победи последниот тим на табелата во Серија А (ВИДЕО)

Комо продолжува со одличните настапи во Серија А и ја запиша четвртата последователна победа, откако во денешниот натпревар минимално ја совлада Венеција со 1-0. За избраниците на Сеск Фабрегас ова беше седми сезонски триумф, со кој уште еднаш ги потврдија високите амбиции.

Домашниот состав беше подобар противник во текот на сите 90 минути и целосно ја контролираше играта. Доминацијата на Комо најдобро ја покажува податокот дека гостите од Венеција не успеаја да упатат ниту еден удар во рамките на голот.

Иако создаваа повеќе од играта, на домаќините до победата дојдоа со само еден постигнат гол. Клучниот момент се случи непосредно пред крајот на првото полувреме, кога Де Куња беше сигурен реализатор на ударот од белата точка и го постави конечниот резултат.

Во продолжението Комо не му дозволи на противникот да се врати во натпреварот, рутински ја контролираше предноста и без поголеми проблеми го приведе дуелот до крајот.

Со новите три бода, Комо се врати на четвртата позиција на табелата со вкупно 23 освоени бодови, еден повеќе од Милан, кој сега се наоѓа на петтото место.