Фудбал

Комична сцена: Цела вечност му требаше да изведе пенал, а на крајот не даде гол (ВИДЕО)

Комична сцена: Цела вечност му требаше да изведе пенал, а на крајот не даде гол (ВИДЕО)

Напаѓачот на јамајканскиот Маунт Плезант, Трејвон Рид, стана хит на социјалните мрежи поради необичниот начин на изведување пенал на првиот полуфинален натпревар од Карипскиот куп на КОНКАКАФ.

Маунт Плезант во средата гостуваше кај Клуб Санд од Тринидад и Тобаго, на стадионот „Хасели Крафорд“ во Порт оф Спејн. Гостите поведоа во 11. минута со голот на Ворнер Браун, а во 36. минута добија можност да ја зголемат предноста од белата точка.

Рид тргна кон топката со ситни, бавни чекори, одејќи на прсти. Залетот траеше околу 20 секунди, а коментаторите во меѓувреме го поттикнуваа да побрза. На крајот, тој упати слаб и предвидлив удар, па голманот Тешорн Рагу без проблем го одбрани пеналот.

Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што навивачите ја исмеваа техниката на Рид.

Промашувањето скапо го чинеше Маунт Плезант. Даниел Дејвид во 56. минута израмни на 1:1, што беше и конечниот резултат на натпреварот.