Фудбал

Комити ќе го бојкотираат Вардар додека управата не се промени!

Комити ќе го бојкотираат Вардар додека управата не се промени!

Навивачката група на Вардар, најави бојкот на натпреварите на фудбалскиот клуб се додека Управата на клубот на чело со Миленко Неделковски не си замине.

Тие ќе бидат присутни уште на мечот против Арсими, а потоа ќе се фокусираат само на навивање за РК Вардар.

Соопштенито на Комити ви го пренесуваме во целост:

„Групата на отворен состанок донесе одлука за БОЈКОТ на сите натпревари на ФК Вардар
а истиот ќе трае се додека Управата на чело со лицето Миленко Неделковски, не поднесе оставка и не си замине од клубот!

Оваа одлука е донесена и со претходна консултација и разговори со сите подгрупи, на кои истата е едногласно поддржана!

Причините за бојкот се аматеризмот, како и примитивизмот кои владеат во клубот, а кои се директна последица на катастрофалните одлуки кои Управата ги носи на секое поле и поради срамниот однос кон навивачите, кој кулминираше на последниот натпревар кога обезбедувањето на Управата, по наредба на Миленко Неделковски се дрзна и ги нападна децата на групата и клубот, кој претставува последен срамен чин кој нема да се повтори никогаш повеќе, тоа ние ви го гарантираме!

Затоа, во понеделник на натпреварот кој ќе се одигра во 19:00 часот на стадионот ФФМ, против екипата на Арсими ќе присуствуваме за последен пат, за да ја покажеме првично нашата солидарност со младите Вардарци и за да изразиме незадоволство и револт против најсрамната Управа во целата историја на ФК Вардар!

Собирот ќе започне во 18:15ч на последна 5-ка во Ново Лисиче, од каде во 18:45ч заедно ќе се упатиме кон стадионот. СИТЕ ЗАЕДНО!

Уште сега јавно апелираме дека преглед на влезот ќе може да врши само Полицијата и дека нема да дозволиме никој друг да биде присутен. Ако биде присутно обезбедување што ќе се противи на оваа одлука, ќе бидат
ВЕДНАШ нападнати од наша страна и затоа апелираме – берете памет!

По натпреварот против Арсими, започнува бојкотот и од тогаш фокусот целосно ќе го насочиме кон натпреварите на РК Вардар, за што дополнително ќе известиме!

Повикуваме на најголема масовност и полн стадион, сите Комити и Вардарци обединети до целосно ослободување на ФК Вардар!

ОБЕДИНЕТИ ЗА ВАРДАР!“, стои во соопштението.