Ракомет

„Комити“ со огномет ги оставија ракометарите на Пелистер без сон (ВИДЕО)

„Комити“ со огномет ги оставија ракометарите на Пелистер без сон (ВИДЕО)

Македонските ракометни гиганти Вардар и Пелистер денеска од 17.45 часот ќе се соочат во СЦ „Јане Сандански“, а навивачката група „Комити“ минатата ноќ се погрижи гостинските ракометари да останат без сон.

„Комити“ среде ноќ пукаа огномет пред хотелот во кој беа сместени ракометарите на Пелистер во Скопје.

Вардар е перфектен по осум одиграни кола и има осум победи, додека Пелистер има седум триумфи и едно реми во Суперлигата.

Дербито меѓу двете ракометни екипи се игра денеска од 17.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.