Легендарниот германски тренер го брани својот сонародник за тактиката на дуелот со Аргентина.
Се најде на „удар“ англискиот селектор Томас Тухел после неверојатниот пресврт и пораз во полуфиналето на Светското првенство од Аргентина. Сите му забележуваат на Германецот за фудбалот кој го играл после дадениот гол за предност.
Англија се повлече, играше дури и со петмина дефанзивци, а тоа го искористија Аргентинците, постигнаа два гола во финишот, и го запечатија пласманот во финалето.
Тухел наиде на жестоки критики, англиската јавност бараше и оставка, но на крајот англиската федерација му ја укажа довербата да продолжи да ја води селекцијата.
Легендарниот Јирген Клоп застана целосно во негова одбрана, сметајќи дека и да се решил да нападне, ќе имало критики кон него.
„Луѓето секогаш зборуваат по натпреварот како тренерската работа да е едноставна. Како само да одлучуваш дали да напаѓаш или да се браниш и тоа е тоа. Не е така. Фудбалот е многу посложен. Гледам критики упатени кон Тухел за обидот да го зачува водството од 1-0, но дозволете ми да ви кажам нешто: ако не го направеше тоа, ако продолжи да напаѓа и прими гол, истите тие луѓе ќе велеа: „Зошто не ја смири играта? Зошто не го зачува водството? Во нокаут фазата, без разлика каква одлука ќе донесете, секогаш ќе има некој што ќе ве критикува. Не велам дека секоја одлука е совршена, но мора да ја разберете логиката зад неа. Никогаш не е лесно да се води игра во таа фаза од натпреварувањето.“, изјави Клоп.