Фудбал

Клоп потврди дека ја презема Германија: „Ништо веќе не стои на патот“

Клоп потврди дека ја презема Германија: „Ништо веќе не стои на патот“

Почна како шпекулација, а заврши со договор. Веќе се е готово, Јирген Клоп чека промоција како нов селектор на Гермнаија.

Германија остана без селектор по елиминацијата од Мундијалот во 1/16 финалето од Парагвај. Јулијан Нагелсман беше сменет, а веднаш почнаа шпекулациите за неговата замена. Се појави името на Јирген Клоп, и веднаш се чинеше невозможно, затоа што Германецот беше баран и од големи клубови во текот на летото, и на крајот се реши да остане во Ред Бул.

Но, сега ситуацијата е сменета, па Клоп никогаш не бил поблиску од клупата на Германија. Тој самиот го потврди тоа, односно дека веќе е договорен, и дека ништо веќе не стои на патот.

„Ништо официјално сè уште не е потпишано. Но, разговорите поминаа многу добро и сè се движи во вистинската насока. Постигнав договор и аранжман со Ред Бул – многу, многу дарежлив, ако можам така да кажам. Значи, практично кажано, ништо не стои на патот“, рече Клоп.

„Не сме толку далеку од тоа да можеме да дадеме официјално соопштение. Кога ќе дојде време, ќе го објавиме, нема потреба другите да продолжуваат да трчаат пред да биде официјализирано. Идеално, тоа треба да се случи во следните неколку дена. На крајот на краиштата, остануваат само околу 60 дена до следниот натпревар на репрезентацијата. Во одреден момент, мора да се донесе одлука, и таа ќе биде донесена.“ 

Клоп е без тренерска работа од 2024 година откако го напушти Ливерпул. Потоа работеше како директор за глобални фудбалски операции во компанијата Ред Бул.