Лил им се врати на победите во француското првенство, откако славеше со 1-0 против Ланс во дербито од деветтото коло во Лига 1.
Ланс имаше голема шанса во 39. минута од мечот, кога Абдулхамид испрати силен удар, но голманот Озер беше одличен.
На почетокот на вториот дел Етан Мбапе се намести на удар, но противничкиот чувар на мрежата беше на висина на задачата.
По неколку шанси на двете страни, конечно на сцена стапи искусниот француски напаѓач Оливие Жиру кој во 86. минута донесе победа за Лил.
Лил е втор во лигата со 18 бодови, односно два помалку од лидерот ПСЖ.