Фудбал

Киву: Не сум лут, напротив – горд сум на храброста што ја покажавме против Реал

Киву: Не сум лут, напротив – горд сум на храброста што ја покажавме против Реал

Предводникот на „нероазурите“ е горд на своите играчи и го бранеше голманот Мартинез.

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, не го криеше задоволството од настапот на својот тим и покрај поразот од Реал Мадрид со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“ во првото коло од Лигата на шампионите.

„Нераѕурите“ во големи периоди од натпреварот имаа иницијатива и создаваа проблеми за домаќинот, но две индивидуални грешки ги чинеа подобар резултат. Сепак, Киву смета дека неговите фудбалери покажале карактер и храброст.

„Воопшто не сум лут, туку сум среќен поради храброста и карактерот што ги покажа тимот. Грешките се дел од спортот, но најважно е како реагирате на нив и како продолжувате понатаму. Мислам дека одигравме добар натпревар, се обидовме да доминираме и да ја имаме иницијативата во текот на целиот меч. Тоа ме прави среќен и оптимист за иднината на овој тим“, изјави Киву.

Романецот призна дека Интер знаел дека ќе мора да му дозволи на Реал одреден простор за контранапади поради квалитетот на мадриѓаните во нападот.

„Знаевме дека ќе мора да им дозволиме нешто во транзиција поради квалитетот што го имаат во нападот. Но, останавме во натпреварот до самиот крај и покажавме карактер. Горд сум што покажавме храброст и не дојдовме тука со намера да играме за реми. Напротив, напаѓавме и ја пренесовме играта против тим како Реал Мадрид“, додаде тренерот на Интер.

Посебно внимание Киву посвети на голманот Хосеп Мартинес, кој направи грешка при вториот гол на Реал, кога Федерико Валверде ја испрати топката во мрежата. Сепак, шпанскиот голман потоа имаше неколку одлични интервенции.

„Зошто мора да издвојуваме еден конкретен играч? Најважно е како реагирате на грешките. Мартинез реагираше како голман од највисоко ниво, затоа што остана смирен и направи одлични одбрани. Не станува збор само за стрелците или голманите, туку за секој играч на теренот. Важно е да ја кренете главата и повторно да ја пронајдете самодовербата. Тоа е она што ме интересира“, порача Киву.