Фудбал

Кејн брка историја против Атлетико: Гол му треба за да се израмни со Кристијано Роналдо

Кејн брка историја против Атлетико: Гол му треба за да се израмни со Кристијано Роналдо

Англискиот голгетер постигна гол на десет последователни натпревари во Лигата на шампионите и сега е на само еден меч од достигнувањето на Кристијано Роналдо.

Хари Кејн продолжува да испишува историја во Лигата на шампионите. Напаѓачот на Баерн Минхен постигна гол на десет последователни натпревари во елитното европско натпреварување и се доближи на само еден чекор до рекордот на Кристијано Роналдо.

Кејн ја продолжи својата неверојатна серија на дуелот со Арсенал, на кој Баерн ремизираше 2:2. Со погодокот против лондонскиот клуб, Англичанецот го надмина достигнувањето на Руд ван Нистелрој и Роберт Левандовски, кои имаа постигнато голови на девет последователни натпревари во ова натпреварување.

Пред него сега се наоѓа само Кристијано Роналдо, кој го држи рекордот со погодоци на 11 последователни натпревари во Лигата на шампионите.

Португалецот тоа го оствари во дресот на Реал Мадрид, почнувајќи од финалето во 2017 година против Јувентус, кога постигна два гола во победата од 4:1. Потоа продолжи да стрела на сите шест натпревари од групната фаза во сезоната 2017/18, како и во осминафиналните и четвртфиналните дуели против ПСЖ и Јувентус. Во таа серија постигна вкупно 17 гола.

Кејн ќе има можност да го израмни рекордот веќе на следниот европски предизвик на Баерн, гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Англискиот напаѓач воедно е и меѓу најдобрите стрелци во историјата на натпреварувањето. Со 58 погодоци се наоѓа на осмото место на вечната листа, на која Роналдо е убедливо прв со 140 гола.