Манчестер јунајтед доживеа убедлив пораз од Борнмут на домашен терен со 0:3. Гостите го диктираа темпото на натпреварот, додека тимот на Мајкл Керик не покажа игра каква што се очекува од екипа која треба да биде во горниот дел од табелата во Премиер-лигата.
На прашањето од новинарите по натпреварот дали очекува отказ по новиот пораз, Керик одговори:
„Не очекувам ништо. Секогаш ќе го правам она што е најдобро за фудбалскиот клуб. Доколку ги имав одговорите, немаше да дозволам да се случи ова. Се обидов да направам сè што е во моја моќ за да не се најдеме во ваква ситуација“, изјави Керик.
Тој додаде дека не е негова работа да одлучува кој ќе се огласи во јавноста, кога ќе го направи тоа и на кој начин.
„Како што ви кажав пред неколку дена, не е на мене да зборувам кој ќе се огласува, кој нема, кога ќе го направи тоа и на кој начин. Мислам дека мојата улога е да разговарам со вас и, од позицијата на која се наоѓам, да ги претставувам тимот и фудбалскиот клуб на најдобар можен начин.
Кога станува збор за атмосферата на стадионот и чувствата на навивачите, нивната фрустрација и разочарување, сето тоа предизвика навистина измешани чувства кај мене. Да се стои таму и да се биде во таква позиција беше многу тешко. Без сомнение, ова беше тежок ден“, призна Керик.
По новиот убедлив пораз и разочарувачкото издание на тимот, сè погласни се шпекулациите дека заминувањето на Керик од клупата на Манчестер јунајтед е сè поизвесно.