Фудбал

Керик е пред отказ: Бивш фудбалер на Арсенал и Челси ќе биде нов тренер на Манчестер јунајтед!?

Керик е пред отказ: Бивш фудбалер на Арсенал и Челси ќе биде нов тренер на Манчестер јунајтед!?

Манчестер јунајтед се соочува со голема криза на почетокот на новата сезона, а поради тоа се зголемува притисокот врз тренерот Мајкл Керик, кој наскоро би можел да добие отказ доколку нешто драстично не се промени во следниот период.

Едно од најинтереснита имиња во трката за нов тренер на Манчестер јунајтед е Сеск Фабрегас, кој има солидни резултати со Комо и стана едно од најпријатните изненадување во Серија А минатата сезона.

Како предност на Шпанецот во однос на останатите кандидати се споменува неговото фудбалско искуство. Како фудбалер настапуваше под водство на тренери со различни филозофии, меѓу кои Арсен Венгер, Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола и Антонио Конте.

Тоа искуство му овозможува да применува различни тактички решенија, наместо да се потпира само на еден начин на игра, а британските медиуми во својата анализа сметаа дека такво освежување му е потребно на гигантот од Манчестер.