Многумина очекуваа дека Мајкл Керик ќе добие отказ по поразот од Борнмут од 0-3, но раководството му даде поддршка, па стратегот ќе го води тимот и на следниот натпревар.
Информациите од Англија велат дека на „Олд Трафорд“ имаат трипение со Мајкл Керик. Тешкиот пораз од Борнмут со кој се чинеше дека кулминираа лошите резултати на Јунајтед, не ја прели чашата.
Керик ќе го води Манчестер Јунајтед и на дербито против Челси на „Стемфорд Бриџ“ во сабота.
Пред поразот од Борнмут, Јунајтед загуби од Комо со 4-1, по тој меч изјавата на Бруно Фернандеш предизвика лавина од реакции, па капитенот беше седнат на клупата.
Се чинеше дека се собра доволно материјал за отказ на Керик, но тоа уште не се случи.