Ѕвездата на ПСЖ, Квича Кварацхелија, на вчерашниот натпревар против Барселона заработи тешка повреда, скина лигаменти и за него сезоната е завршена.
Тој излезе со порака на социјалните мрежи, шокиран е од повредата, но ветува дека ќе се врати посилен.
„Пред секој натпревар, едноставно го молев Господ да се вратам дома здрав. Но, било залудно. Не помина многу време… но едно прашање постојано ми се врти низ главата: ЗОШТО ЈАС? Зошто јас?“.
„Никогаш не занемарив ниту еден напор. Веројатно за овој натпревар бев подготвен подобро од кога било претходно. Мислев дека сум подготвен за сè, но не и за ова“.
„Сепак, сфаќам дека Господ ме избрал мене. И ако ова што ми се случи мене ги поштеди другите фудбалери на теренот да не го поминат истото, тогаш подготвен сум да ги издржам болката, напорната работа, страдањето и солзите“.
„Знам дека мора да се вратам посилен за моите најблиски, кои се секогаш покрај мене. Ќе дадам сè од себе, во тоа бидете сигурни“.
„Нема да ве изневерам, ветувам“.
„Нема да полудам ниту една секунда“.
„Ви благодарам на сите за поддршката“.
„Се гледаме многу наскоро.“