Спорт

Каратистот Белистојаноски освои злато за Македонија на Медитеранските игри!

Каратистот Белистојаноски освои злато за Македонија на Медитеранските игри!

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски го освои златниот медал на Медитеранските игри во категоријата до 67 килограми Кумите.

Македонецот беше убедлив во финалето совладувајќи го Боран Берак од Хрватска со 6-0.

Белистојаноски претходно на патот кон финалето ги победи Мустафа Алмасламех (6-1), Лука Мареска (2-0) и Георгиос Балиотис (5-1).