Фудбал

Карагер: Ливерпул ме разочара со засилувањата

Карагер: Ливерпул ме разочара со засилувањата

Некогашниот капитен на „црвените“ смета дека Ливерпул не се засилил соодветно во овој преоден рок.

Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, не е целосно задоволен од работата на клубот во летниот трансфер период. Иако „црвените“ потрошија огромни средства за засилувања, според поранешниот англиски репрезентативец, тимот има сериозен проблем со балансот во составот.

Ливерпул ова лето инвестираше околу 264 милиони евра во нови играчи, а вкупната сума потрошена на засилувања во последните две години надминува 600 милиони евра. Сепак, Карагер смета дека клубот не успеал целосно да го надомести заминувањето на Мохамед Салах.

Особено спорна за него е позицијата десно во нападот. Ливерпул го доведе Брадли Баркола од Пари Сен Жермен за 125 милиони евра, но Карагер посочува дека францускиот офанзивец не е директна замена за Салах, бидејќи најчесто настапува на спротивната страна.

„Најважно беше тимот да стане поширок и доведоа две крила. Баркола е вистинска ѕвезда, но кога зборуваме за Салах, тој играше на десната страна. Ливерпул во моментов нема вистински десен крилен играч кој игра со лева нога, како што беше случајот со Салах“, истакна Карагер.

Поранешниот стопер дополнително го загрижи фактот што според него составот има недостиг и во дефанзивата, а смета дека на Ливерпул му е потребен и уште еден играч за врска.

„Разочаран сум и не сум целосно сигурен што ќе направат на десното крило. Тимот не изгледа балансиран. Ливерпул нема доволно дефанзивци, а веројатно му недостига и уште еден играч од средниот ред“, додаде Карагер.