Мексиканскиот боксер Канело Алварез повторно е светски шампион, откако го победи Кристијан Мбили со едногласна одлука на судиите во Ријад и ја освои титулата на ВБЦ во супер-средна категорија.
По 12 рунди борба, судиите му ја доделија победата на Канело со резултати 115-112, 116-111 и 117-110. Со оваа победа, 36-годишниот Мексиканец му го нанесе првиот пораз во професионалната кариера на Французинот.
Мбили имаше подобар старт на борбата, но Канело ја презема контролата и со своето искуство ги доби клучните поени кај судиите.
Канело се врати во рингот по пауза од 13 месеци, откако претходно во септември 2025 година загуби од Теренс Крафорд.